НИКОЛА ДИМИТРОВ Е ПООПАСЕН ОД КОРОНАВИРУСОТ ЗА БУГАРИЈА, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ НОВИНАР НЕШКОВ КОЈ ГО ИНТЕРВЈУИРАШЕ ЗАЕВ

    НИКОЛА ДИМИТРОВ Е ПООПАСЕН ОД КОРОНАВИРУСОТ ЗА БУГАРИЈА, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ НОВИНАР НЕШКОВ КОЈ ГО ИНТЕРВЈУИРАШЕ ЗАЕВСопственикот на бугарската информативна агенција „БГНЕС“ Љубчо Нешков тврди дека Никола Димитров одел по европски држави и зборувал против Бугарија. - Димитров на предизборен митинг во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бугарскиот новинар и сопственик на агенцијата „БГНЕС“ Љубчо Нешков тврди дека македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров е поопасен од коронавирусот за Софија, во гостување на телевизијата „Бугарија Он Ер“ пред два дена.

    Нешков, кој го водеше интервјуто со премиерот Зоран Заев, објавено денеска на неговиот медиум, вели дека Димитров е одговорен за „антибугарската пропаганда“ во Македонија во изминатите 10-тина месеци, која што, пак, според него, била причина Бугарија да стави вето за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

    „Ветото е логичен крај на политиката на лажење, измама и омраза која што почна пред 10-тина месеци во соседна Македонија. Таму си има и конкретен виновник за тоа што се случува, по тоа прашање и тоа е поранешниот министер за надворешни работи, сега министер за евроинтреграции Никола Димитров, кој брутално почна да ги саботира меѓусебните односи, почна да оди по европските држави. Јас, освен што сум роден во Скопје, сум живеел во Брисел и оценката за Никола Димитров во моментов е потврдена и би било убаво македонскиот премиер да се замисли за резултатите од неговата дипломатска мисија. Тој е поопасен од коронавирусот. Тој кога иде во Софија се прегрнува и бакнува со нашите дипломати и после оди го збори обратното. И кога го кажувам ова, не мислам на некој службеник од 23. кат на 63. блок во Брисел, туку на самата централа на ЕУ и водечките еврокомесари со кои се сретнува“, кажа Нешков.

    Во денешното интервју со Нешков, Заев кажа дека Бугарите не се фашисти, туку наши пријатели и дека Југославија ги држела разделени двата народа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира