НОВ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ГРУЕВСКИ ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈА

    НОВ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ГРУЕВСКИ ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАПо 14 и полгодишно владеење на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ доби нов лидер. - Христијан Мицкоски по гласањето (Фото: М. Златевска)

    Христијан Мицковски е новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од вкупно 438 делегати на 16-от вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, 376 делегати гласале „за“, а имало 52 неважечки ливчиња. Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја прифати неотповикливата оставка на лидерот на партијата, Никола Груевски. Партијата му даде плакета со која што беше прогласен за почесен претседател на партијата.

    Никола Груевски заминува од лидерската позиција по 14 и пол години. За лидер на партијата беше избран во мај 2003 година.

    Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како главна причина за дебаклот на локалните избори, го наведе предавството во партијата од видни поранешни и актуелни функционери, кои ги дале партиските списоци и информации до СДСМ кои влијаеле на лошиот резултат на изборите и дека таква провала во партијата не се случила 15 години.

    Од 544, на вонредниот конгрес, за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово присуствуваат 418 делегати, со што беше исполнет условот за регуларен Конгрес. На конгресот не дојдоа 133 делегати.

    Меѓу отсутните 133 делегати се и потписниците на иницијативата за одложување на конгресот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, Антонијо Милошоски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски и други видни партиски функционери.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира