НОВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ОД 14 ДЕНОВИ, ПРОГЛАСИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

    НОВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ОД 14 ДЕНОВИ, ПРОГЛАСИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИОд денешната седница на Советот за безбедност (Фото: Кабинет на Претседателот на РСМ)

    Нова вонредна состојба од 14 денови прогласи претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност во вилата Водно, на која присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, претседателот на Собранието Талата Џафери, министерите за надворешни и за внатрешни работи Никола Димитров и Наќе Чулев и епидемиологот д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

    Пендаровски кажа дека причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата.

    „Вонредната состојба од 14 дена нема никаква поврзаност со датумот на избори“, рече Пендаровски.

    Првата вонредна состојба беше прогласена од 18 март, а втората на 17 април. Владата на денешната седница донесе заклучок да достави предлог до претседателот на државата за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.

    Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека ќе побараат продолжување на вонредната состојба, со цел да имаат механизми за имплементирање на препораките.

    „Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите“, рече тој.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира