НОВИ 23 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 702 ТЕСТА, ПОЧИНА 47-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ

    НОВИ 23 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 702 ТЕСТА, ПОЧИНА 47-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦВо Градската општа болница „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања. (Фото: К. Попов)

    Во Градската општа болница „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на коронавирус, а потврден позитивен денеска, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Дваесет и три нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 702 тестови се регистрирани во изминатите 24 часа.

    Новозаболените се од следните градови : Скопје – 12, Куманово – 4, Тетово – 4, Прилеп – 2 и Неготино – 1.

    Со тоа, вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 1.921, од кои оздравени се 1.387, починати се 112, а активни се 422.

    Досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку Центарот за јавно здравје Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти : Скопје 3, – Прилеп 1, Струга 1, Велес 3 и Кочани 1

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари