Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на македонската армија согласно највисоките стандарди на НАТО, соопшти Министерството за одбрана.
„Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО“, велат од министерството.
Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.