НОВИ 8 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.265 ТЕСТОВИ, ДЕНЕСКА НЕМА ПОЧИНАТИ

    НОВИ 8 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 3.265 ТЕСТОВИ, ДЕНЕСКА НЕМА ПОЧИНАТИБројот на активни случаи се намали на 287. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1.

    Изминатото деноноќие не се регистрирани нови починати лица.

    Направени се 3.265 тестови преку: ИЈЗ-77, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-265, Авицена-295, Биотек-393, Систина-129, лабораторија Лаор-320, Синлаб-32, Ремедика-0, Плодност–92, Генеа–130, Никоб лаб-334, ВФВ Медикал-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932.

    Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 68.640, Активни 106
    Куманово 8.878, Активни 35
    Прилеп 8.326, Активни 26
    Тетово 7.241, Активни 24
    Битола 6.304, Активни 10
    Велес 5.472, Активни 4
    Гостивар 5.181, Активни 8
    Кавадарци 5.153, Активни 0
    Охрид 5.016, Активни 14
    Штип 4.960, Активни 1
    Струмица 4.117, Активни 5
    Струга 2.981, Активни 1
    Кочани 2.792, Активни 3
    Кичево 2.591, Активни 22
    Гевгелија 2.195, Активни 2
    Неготино 2.184, Активни 1
    Свети Николе 1.523, Активни 0
    Ресен 1.234, Активни 0
    Крива Паланка 1.226, Активни 6
    Радовиш 1.161, Активни 2
    Берово 1.029, Активни 0
    Делчево 973, Активни 1
    Дебар 941, Активни 1
    Виница 886, Активни 5
    Пробиштип 789, Активни 0
    Валандово 666, Активни 1
    Богданци 494, Активни 0
    Крушево 490, Активни 1
    Демир Хисар 400, Активни 3
    Демир Капија 396, Активни 0
    Кратово 377, Активни 4
    Македонски Брод 359, Активни 1
    Пехчево 268, Активни 0
    Македонска Каменица 249, Активни 0
    Дојран 132, Активни 0

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира