НОВИ 81 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ДЕНЕСКА НЕМА ПОЧИНАТИ

    НОВИ 81 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ДЕНЕСКА НЕМА ПОЧИНАТИБројот на активни случаи изнесува 525. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19 од направени 5.315 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

    Новите случаи се од: Скопје – 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово  – по 1.

    Денеска не се регистрирани починати пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 171, а потоа следуваат Тетово – 135 и Куманово – 59 .

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира