НОВИ ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО ТЕРАПИЈАТА СО „ТРИКАФТА“

    НОВИ ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО ТЕРАПИЈАТА СО „ТРИКАФТА“Пациентките со новата директорка а Детска клиника, д-р Валентина Цвејоска-Чолаковска (во средина). (Фото: Министерство за здравство)

    Овие денови, нови пациенти со цистична фиброза се вклучуваат во терапијата со лекот „трикафта“, покрај 12. кои веќе се на терапија со „кафтрио“ во комбинација со „калдеко“.

    Од Министерството за здравство велат дека на 29 декември две нови пациентки примија „трикафта“, денеска се вклучуваат уште двајца, а на 5 јануари се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти. Според МИА, момче на 18-годишна возраст и 16-годишно девојче се најновите пациенти со цистична фиброза, кои денеска почнаа да примаат модулаторна терапија.

    „Оваа група на пациенти етапно се вклучува на терапија, согласно Протоколот и прецизни критериуми на евалуација се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од Комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање. Лекот ‘трикафта’ е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив“, велат од Министерството.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити на 21 декември кажа дека за 100 милиони денари набавена е терапија за следните месеци. Дополнително предвидени се 854 милиони денари за лекот, за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија.

    Д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, која веќе е во пензија, на прес-конференцијата на 21 декември, во функција на директорка на Клиниката за детски болести, кажа е обезбедена терапија за 12 пациенти, а селектирано постепено ќе има вклучување на нови седум пациенти на секои 10 дена. Таа кажа дека освен тие 12 пациенти кои се веќе на терапија има уште 55 лица и дека за сите тие ќе биде обезбедена терапија во текот на 2024.

    Нова директорка на Детска клиника е д-р Валентина Цвејоска-Чолаковска, доц. д-р сци. мед. супспецијалист педијатар пулмолог од Клиниката.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира