НОВИНАРИТЕ КОИ ИЗВЕСТУВАА ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ ЌЕ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА

    НОВИНАРИТЕ КОИ ИЗВЕСТУВАА ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ ЌЕ ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТАНовинарите ќе ја тужат државата според членот членот 166 од Законот за облигационите односи - „Одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации и манифестации“. (Фото: К. Попов)

    Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието за време на организираниот напад на 27 април 2017, покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета. Новинарот Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, рече дека во моментов се во консулатција со правен тим и можно е тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка за да се утврди одговорноста на поединци, кои со преземање или не преземање одредени дејства придонеле за настанатата ситуација.

    „Зад инцијативата сме петнаесетина новинари, но таа е отворена за сите колеги, фоторепортери, сниматели, а некаде после празниците сите кои сакаат да учествуваат во иницијативата можат да се приклучат и да ја продолжиме постапката“, кажа Христов.

    Новинарот Горан Трпеноски информираше дека во инцијативата сакале да се приклучат и вработени во Собранието, но нагласи дека во неа можат да се вклучат и оние новинари-извествувачи од настаните кои биле надвор од Собранието.

    Новинарите ќе ја тужат државата според членот членот 166 од Законот за облигационите односи – „Одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации и манифестации“. Законот за облигационите односи предвидува дека за штетата од акти на насилство или терор, како и при јавни демонстрации одговара државата, без оглед на постоењето на вина, додека државата има право и обврска да бара надомест на исплатениот износ од лицето кое ја предизвикало штетата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира