НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

    НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДАСоња Колевска-Делевска е годинашна добитничка на „Јашар Еребара“ за најдобра истражувачка сторија на ЗНМ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    По покана доставена во саботата од вооружени полицајци на домашна адреса, новинарката Соња Колевска-Делевска од САКАМДАКАЖАМ.МК денеска беше во полициската станица Беко во Скопје на „службен разговор во врска со поплака“ за објавен текст.  Пријавителката е државна службеничка, раководителка на едно од местата во Министерството за правда, која според пријавата против Делевска, почувствувала вознемиреност по нејзиното здравје и по угледот, по објавен текст во САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Пријавата, односно повикувањето од полицијата е во врска со објавениот текст „Адвокатка тврди дека ѝ бил побаран поткуп од раководителка во министерството за правда, а откако одбила била уценувана да се откаже од парите што ѝ следуваат“ , објавен на 27 април, 2022. Адвокатката за доцнењето на исплатата од Министерство за правда спорот го добила на Управен суд. Парите уште не ѝ се исплатени, но затоа Министерството ја избриша од регистарот на адвокати што даваат бесплатна правна помош за кои трошоците ги покрива Министерството.

    Во текстот е цитиран извор со име и презиме, а раководителката од Министерството за правда воопшто не е спомната.

    Ова е прв случај за напишан текст МВР, иако не е надлежно, да повикува новинар на разговор. Впрочем, и на службениот разговор денеска, тоа го потврди надлежниот полицаец/инспектор.

    Во разговорот, службеното лице објасни дека на пријавителката ѝ било укажано оти она што таа го бара од полицијата е надлежност на граѓанска постапка.

    Пријавителката, иако е од Министерството за правда, инсистирала Делевска да биде повикана во полиција, а во станицата Беко прифатиле, оти како што ни беше кажано, морале да постапат по секоја пријава од граѓанин.

    Соња Колевска-Делевска е долгогодишна истакната професионална новинарка, која покрива теми од судството и антикорупција. Таа е годинашна добитничка на „Јашар Еребара“ за најдобра истражувачка сторија на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира