НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

    НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВКлиничкиот центар ќе се сели во новиот објект кој ќе се гради во Ѓорче Петров, одлучи Владата (Фото:СДК.МК)

    На денешната владина седница помина одлуката новиот клинички центар да се гради во Општина Ѓорче Петров, рече министерот за здравство Венко Филипче, при промоцијата на донацијата од 10 прочистувачи на воздух во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

    Тој рече дека повеќересорска комисија, составена од претставници од Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски и од Агенцијата за катастар на недвижности, ги разгледувала трите понудени локации во општините Ѓорче Петров, Карпош и Петровец и дека е избрана локацијата во Ѓорче Петров.

    „Се бодуваа локациите по соодветна методологија и се избра локацијата во Ѓорче Петров, пред сѐ, поради земјиштето, кое е целосно државно, потоа поради цената на чинење, која е пониска и поради полесниот начин на изведба“, рече Филипче.

    Тој кажа дека била усвоена и информацијата за јавно-приватно партнерство, со која би се искористил капацитетот на приватните болници.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира