НОВИТЕ АНТИКОРУПЦИОНЕРИ ДАДОА ЗАКЛЕТВА

    НОВИТЕ АНТИКОРУПЦИОНЕРИ ДАДОА ЗАКЛЕТВАНовинарот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Трпеноски (вториот од десно) е еден од шестте нови членови на Антикорупциската комисија. (Фото: СДК.МК)

    Новите антикорупционери денеска во Собранието дадоа свечена заклетва, откако попладнето со 65 гласа „за“ и 10 воздржани беа избрани на пленарна седница.

    Претседателка на Антикорупциска е ревизорката Билјана Ивановска. Членови се Владимир Георгиев државен советник на секретаријатот на Антикорупциска, Софка Пејовска Дојчиновска, раководител на сектор за спречување на корупцијата и судир на интереси во Антикорупциска. Тие беа прворангирани од Комисијата за селекција на кандидатите и двајцата работат во Антикорупциска од нејзиното формирање до денес. Останатите четири членови се ревизорката Катица Николовска, Нури Бајрами вработен во Општина Гостивар, новинарот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Трпеноски и Салаи Шемши вработен во Општина Врашчиште.

    Мандатот на претседателката и членовите на Антикорупциската комисија е 5 години.

    На конкурсот за нови антикорупционери беа пријавени 56 кандидати. Во Комисијата која ги селектираше и рангираше кандидатите беа пратениците Мухамед Зекири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илиоски од ВМРО – ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ. Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, а Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор. Учесници во интервјуата беа и претставници на медиумските и граѓанските здруженија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира