Американската помошник државна секретарка за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд на 11 јули ќе дојде во Скопје, објави денеска Стејт департментот на официјалната веб страна.
Според соопштението, Нуланд во Скопје ќе се сретне со високи владини претставници, „за да разговара за билатерални и регионални прашања, меѓу кои и потребата да се реши тековната политичка криза, за поддршката на Специјалното обвинителство, и за создавање услови за веродостојни избори“.
Нуланд во Скопје доаѓа по посетите на Косово и Албанија, а од Македонија заминува за Србија.