ОБЈАВЕН Е ПОВИК ЗА НОВИ УЧЕБНИЦИ ЗА ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ КОИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ОД СЕПТЕМВРИ

    ОБЈАВЕН Е ПОВИК ЗА НОВИ УЧЕБНИЦИ ЗА ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ КОИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ОД СЕПТЕМВРИ„Содржините во материјалите за учење и во прирачниците за наставниците треба да се базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија“, вели МОН. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Објавен е повик за изработка на нови материјали за учење и прирачници за наставата во четврто одделение, чија примена започнува со новата учебна 2021/2022 година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Материјалите за учење се однесуваат на предметите Македонски јазик, Албански јазик, Турски јазик, Српски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки и Историја и општество, додека прирачниците се наменети за изведување на наставата по Музичко образование, Ликовно образование, Физичко и здравствено образование и Техничко образование.

    „Сите содржини во материјалите за учење и во прирачниците за наставниците треба да се базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин и авторски јазик кој ќе биде интересен заучениците и соодветен нивната возраст. Истите треба да ја промовираат еднаквоста ипочитувањето на различностите, инклузивноста, да ја поддржуваат мултиетничката интеграција и да придонесат секој ученик да ги постигне очекуваните резултати од учењето и да ги стекне компетенциите дефинирани во новите наставни програми за четврто одделение“, велат од кабинетот на министерката Мила Царовска.

    Минатиот месец беа изработени и наставните програми за прво одделение, а воедно и објавени повиците за автори/авторски тимови за изработкан а материјалите за учење и за ликовни илустратори/графички дизајнери за изработка на детски илустрации.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира