Во земјите од Западен Балкан да се унифицира и поедностави системот за мобилност на работната сила по примерот на скандинавските земји, за да се дестимулира одлевањето на квалитетни кадри од регионот, изјави Живко Муакетов, генерален директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, на панел дискусијата „Регионална економска област на Западен Балкан – патоказ кон членството во ЕУ“, што се оддржа во рамки на 4-тиот Самит за Западен Балкан во италијански град Трст.
Според него многу е важно едукативниот систем да се димензионира според потребите на бизнисите, за да се намали дискрепанцата во понудата и побарувачката на некои струки, односно да има повеќе инженерски кадри кои во моментов се дефицитарни, а да се намали бројот на кадрите по општествени науки, кои се суфицитарни.
За овие и слични теми, Мукаетов ги покани присутните на претстојниот „Самит 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа“ кој на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржува во Скопје.
На панел дискусијата присуствуваа претсавници од компании од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Србија, а Мукаетов присутните ги покани на претстојниот „Самит 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа“ кој на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржи во Скопје.