И ОБСЕ/ОДИХР ЗАБЕЛЕЖА ПРОПУСТИ СО ПРЕБРОЈУВАЊЕТО НА ГЛАСОВИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ОБСЕ/ОДИХР ЗАБЕЛЕЖА ПРОПУСТИ СО ПРЕБРОЈУВАЊЕТО НА ГЛАСОВИТЕ

    И набљудувачите на меѓународната мисија за избори забележале сериозни процедурални пропусти во голем број гласачки места и броењето било негативно оценето во 10 набљудувани Избирачки одбори, стои во изјавата за првичните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори на на Мисијата на ОБСЕ /ОДИХР.

    ПОДАТОЦИТЕ ОД ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ НЕ СЕ СОВПАЃААТ СО ПОДАТОЦИТЕ НА ДИК

    „Набљудувачите на меѓународната набљудувачка мисија за избори го оценија процесот на броење како ефикасен и транспарентен. Меѓутоа, забележани беа сериозни процедурални пропусти во голем број на гласачките места и броењето беше негативно оценето во 10 набљудувани Избирачки одбори. Тоа првенствено се однесува на постапките пред отварањето на избирачките кутии, вклучително и броењето на бројот на потписи и неискористени гласачки ливчиња, и верификувањето на бројот на безбедносни ленти за гласачки кутии. По броењето, 16 наблудувани И.О имале потешкотии при пополнувањето на протоколите за резултати, а 14 Избирачки одбори не ги следеле процедурите за пакување чуствителен материјал и гласачки ливчиња“, стои во првичната Изјава на набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР.
    Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР забележале дека Копии од протоколите биле дадени на оние членови кои ги побарале, но, 33 набљудувани ИО не ги поставиле проотоколите на видно место, како што било пропишано со закон.

    „Броењето било завршено во предвидениот рок до полноќ во сите набљудувани места. Сумирањето на резултатите почнало на време, но било негативно оценето во 8 случаи. Главните проблеми кои биле забележани се однесуваат на условите во ОИК: недоволно простор (24 ОИК), преголема толпа луѓе (22 ОИК) и лоша организација (9 ОИК). За време на набљудувањето, 336 протоколи за броење содржеле несообразности и гласачките ливчиња се пребројувале во 40 гласачки места“, велат од ОБСЕ/ОДИХР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира