ОБВИНЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА 27 АПРИЛ ДО КРАЈОТ МАЈ, ВО ТЕК Е РАСПИТОТ НА ОБВИНЕТИТЕ, КАЖА РУСКОСКА

    ОБВИНЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА 27 АПРИЛ ДО КРАЈОТ МАЈ, ВО ТЕК Е РАСПИТОТ НА ОБВИНЕТИТЕ, КАЖА РУСКОСКАОбвинителката Вилма Рускоска не очекува дека во скоро време ќе ѝ се пружи можност да го сослуша поранешниот премиер Никола Груевски, еден од осомничените во истрагата. (Фото: СДК.МК)

    Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускока најави дека обвинението за организаторите на нападот во Собранието на 27 април 2017 ќе биде подигнато најдоцна до крајот на мај. Таа вели дека добар дел од сведоците се сослушани, а во тек е сослушувањето на осомничените.

    „Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата“, изјави Рускоска на промоцијата на твининг проект во Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

    Осомничени во оваа истрага се избеганите Никола Груевски и Никола Бошкоски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Владимир Атанасовски и Спире Ристовски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира