ОБВИНЕТИТЕ НЕ ЗНААТ КАКО СЕ ПРОГЛАСУВА ВОЕНА СОСТОЈБА, НЕКОЈ ГИ ЛАЖЕЛ, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ НА ИВАНОВ СИНИША АЛЕКСОСКИ ЗА СВЕДОЧЕЊАТА ЗА 27 АПРИЛ

    ОБВИНЕТИТЕ НЕ ЗНААТ КАКО СЕ ПРОГЛАСУВА ВОЕНА СОСТОЈБА, НЕКОЈ ГИ ЛАЖЕЛ, ВЕЛИ СОВЕТНИКОТ НА ИВАНОВ СИНИША АЛЕКСОСКИ ЗА СВЕДОЧЕЊАТА ЗА 27 АПРИЛСоветникот Синиша Алексоски на средбата на претседателот Ѓорге Иванов и министерот Никола Димитров со српскиот претседател Александар Вучиќ во јуни 2017 во Белград. (Фото: Фејсбук/Претседател на РМ)

    Синиша Алексоски, советникот за национална безбедноста на претседателот Ѓорге Иванов, вели дека некој ги лажел обвинетите Стефан и Михаил Младеновски, кои вчера на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април сведочеа дека Алексоски најавил воведување воена состојба. Браќата Младеновски се  меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

    Според советникот на Иванов, сведоштвата на обвинетите се конструкции на лаги, непостоечки комуникации и рекла-казала муабети. Тој вели дека станува збор за уште еден обид да биде инволвиран во воена состојба и тврди дека доколку обвинетите знаеле кои се условите и административната процедура за прогласување воена состојба не би биле предмет на манипулација.

    „Внимателно ги прочитав исказите на обвинетите Младеновски и ги охрабрувам да кажат сè, но не и да лажат. Запознаен сум дека, правно, обвинетите имаат право да дадат лажен исказ во своја одбрана. Но, изјавите на обвинетите дека биле изманипулирани и слепо верувале на измамници не можат да се поткрепат со конструкции на лаги, непостоечки комуникации и рекла-казала муабети. Кој што им ветувал, кој ги лажел, како ги манипулирал, на кои имиња се повикувале за лагата да им биде поуверлива,нема да им ја намали одговорноста. Ова е уште еден очаен обид и намера да нè инволвираат во измислената во нивни глави, воена или вонредна состојба. Доколку знаеле кои се условите и административната процедура за прогласување воена состојба не би биле предмет на манипулација“, се вели во изјавата на Алексоски, испратена од Кабинетот на Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира