ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПРОБИВААТ РОКОВИТЕ ЗА ИСТРАГИ И НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПРОБИВААТ РОКОВИТЕ ЗА ИСТРАГИ И НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТОбвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици, вели Извештајот; - Државниот обвинител Љубомир Јовески. (Фото: СДК.МК)

    Во најновиот Извештај за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Македонија, се посочува дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи на организиран криминал со дозвола на претпоставениот, но во пракса, обвинителите често ги пробиваат роковите.

    Во Извештајот се забележува и дека судската непримерност, прекумерниот притисок врз судиите, одложената правда и несоодветното финансирање на правосудството и обвинителството и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и дека тоа влијае врз јавната доверба во правосудството. Исто така, се забележува и дека владата демонстрира поголема почит за независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира