ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ЈАНЕВА И НА ЗВРЛЕВСКИ НА 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ СТЕПААТ ЗА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ЈАНЕВА И НА ЗВРЛЕВСКИ НА 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ СТЕПААТ ЗА ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

    На први септември, кога е закажан судскиот процес против екстрадираниот новинар Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпиoн“, може да настане тепачка во судницата, кој обвинител да го застапува обвинението, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Кривичниот суд. За овој случај Основниот суд Скопје 1 (Кривичниот суд) му се обраќа на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а го исклучува Специјалното јавно обвинителство, иако тоа има надлежност за случајот „Шпион“.

    Многу е веројатно обвинители од двете обвинителства да се појават на судењето на први септември, коментираат за САКАМДАКАЖАМ.МК судски извори кои зборуваат од позиција на анонимност затоа што не се овластени за комуникација со јавноста. СЈО на Катица Јанева смета дека со одлука на Скопска апелација, комплетната надлежност врз целиот случај е негова и дека тоа што Кривичниот суд го вмешува Обвинителството за организиран криминал, што е дел од тимот обвинители на Марко Зврлевски е незаконски потег на Судот.

    Во исто време во Апелациониот суд Скопје закажано е рочиште по жалба на осудените од Шпион, ама без Зоран Божиновски. Овој суд пак не го кани Вишото обвинителство да го застапува обвинението, туку го кани СЈО, бидејќи му ја признава комплетната надлежност во предметот.
    Основниот суд Скопје 1 викендов соопшти дека нема намера да и го даде на Катица Јанева случајот со Зоран Божиновски, иако и тој е дел од „Шпион“. Кога почна притворањето и истрагата за овој случај, Божиновски се најде во издвоена постапка на Обвинителството, со образложение дека е недостапен.
    “До Кривичниот суд не е доставена никаква одлука од страна на Апелациониот суд Скопје со која предметот за Божиновски се презема од страна на СЈО, ниту таква одлука доставило СЈО до овој Суд или какво било барање во оваа смисла“, соопшти Основниот суд Скопје 1 и бара да не се вовлекува во недоразбирањата меѓу двете обвинителства.
    СЈО, пак, смета дека токму Основниот суд Скопје 1 ги прави недоразбирањата и хаосот,  и тоа, како што велат оттаму, не само за случајот Шпион, туку и за други предмети кои се во надлежност на тимот обвинители на Катица Јанева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира