ОБВИНИТЕЛКАТА РИСТОСКА ПОБАРА ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ, ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕ 24 ЧАСА ДА ГО НАДГЛЕДУВА ДОМА

    ОБВИНИТЕЛКАТА РИСТОСКА ПОБАРА ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ, ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕ 24 ЧАСА ДА ГО НАДГЛЕДУВА ДОМА„Сашо Мијалков добро е ситуиран, поседува приватни бизниси, исто како и членовите на неговото семејство, што му дава можност комотно да живее во бегство", кажа Ристоска. (Фото: К. Попов)

    Обвинителката Ленче Ристоска по изрекувањето на 12-годишната затворска казна против Сашо Мијалков, побара притвор. Потоа и за Тони Јакимовски поранешен шеф на неговиот кабинет.

    „Мерката куќен притвор почитуван суде, не е доволна да се обезбеди присуството на првостепено осудениот Мијалков. Во текот на вчерашниот ден, обезбедени се известувања од МВР, како од полициската станица што го чува, така и од БЈБ, според кои не поседуваат технички можности за 24-часовен електронски и видеонадзор”, го образложуваше Ристоска барањето за Мијалков за ефективен притвор во Шутка.

    Ристоска продолжи и дека од страна на Обвинителството преку Еуропол потврдено е дека Сашо Мијалков има дозвола за престој, домашна адреса, а поседува и два автомобила во Прага.

    „Сашо Мијалков добро е ситуиран, поседува приватни бизниси, исто како и членовите на неговото семејство, што му дава можност комотно да живее во бегство”, заврши таа.

    Обвинителката Ленче Ристоска побара ефективен притвор за Мијалков и во неделата, непосредно пред неговото бегство, но кривичниот совет на Основниот кривичен суд, составен од судиите Илија Трпков, Огнен Ставрев и Васка Масевска-Николовска, одлучи дека тоа е престрога мерка и му определи куќен притвор на обвинетиот.

    Одбраната се противеше на барањето на Ристоска.

    „Не е виновен Мијалков што не функционира системот за следење со електронски алки. Нека го обезбедува полицијата со физичко присуство”, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

    Ристоска побара притвор и за недостапните Горан Грујевски и Никола Бошковски, кој би се активирал ако бидат екстрадирани, т.е. од моментот кога ќе бидат достапни на органите на прогонот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира