ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ИСТРАЖУВА ПОНИШТЕНИОТ ТЕНДЕР ЗА РЕАГЕНСИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ИСТРАЖУВА ПОНИШТЕНИОТ ТЕНДЕР ЗА РЕАГЕНСИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОМинистерството за здравство на 23 јули го поништи тендерот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра поради недостатоци во тендерската документација на единствената пријавена фирма. - Министерот Венко Филипче (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка по допрен глас во врска со поништениот тендер за реагенси од 35 милиони евра, соопшти Јавното обвинителство.

    Предистражна постапка е почната и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари.

    Од Oбвинителството велат дека предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство.

    „Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, соопштија од Обвинителството.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира