ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И МВР ВО ТЕТОВО РАЗБИВААТ СИНЏИР НА ПЕДОФИЛИЈА, ИМА УАПСЕНИ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И МВР ВО ТЕТОВО РАЗБИВААТ СИНЏИР НА ПЕДОФИЛИЈА, ИМА УАПСЕНИВо големата акција учествуваат и припадници на специјалните сили на МВР (Фото:СДК.МК)

    Под раководство на обвинителката од Организиран криминал и корупција Елизабета Јосифовска, во Тетово полицијата разбива синџир на педофилија и на трговија со дете, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од истрагата.

    Тие сепак не изнесуваат детали, бидејќи акцијата ќе трае и понатаму. Дури по завршувањето ќе се знае точно колку лица се уапсени, за кои кривични дела и дали се работи за една или заповеќе колку жртви.

    Големата акција се одвива со помош на специјалната единица на МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира