ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВЛЕЗЕ ВО ТРИ ФИРМИ НА ЧИИ ПОРТАЛИ СЕ РЕКЛАМИРАЛА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗБОРИТЕ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВЛЕЗЕ ВО ТРИ ФИРМИ НА ЧИИ ПОРТАЛИ СЕ РЕКЛАМИРАЛА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗБОРИТЕОбвинителството се сомнева дека партијата направила злоупотреби на штета на Буџетот на РСМ, од каде што се финансираат кампањите. - Билборд од предизборната кампања (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција заедно со Одделот за организиран криминал во МВР влегле утринава во неколку фирми кои основале портали преку кои, според сомневањата, раководството на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребило пари на граѓаните во кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Одделот за организиран криминал во МВР постапил по допрен глас и на нивно барање се издадени наредби од Обвинителството за организиран криминал.

    По наредба на обвинител, фактури во врска со ова ненаменско трошење на пари од граѓаните, ќе се земат и од Државната изборна комисија, а докази ќе се бараат и во Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги.

    Сомневањата, како што дознаваме, се дека е прекршен членот 76-д од Изборниот законик кој пропишува дека сумата која може да се исплати на еден електронски медиум и печатени медиуми, од страна на еден учесник во изборниот процес, во случајов ВМРО-ДПМНЕ, не може да биде повисока од 15 илјади евра без пресметан ДДВ.

    Обвинителството се сомнева дека партијата направила злоупотреби на штета на Буџетот на РСМ, од каде што се финансираат кампањите, со тоа што платила политичко рекламирање на интернет портали кои постојат кратко време и се со мала посетеност. Порталите, според сомневањата, биле формирани наменски пред изборите, без импресум, адреса седиште и што е најважно, немале ценовник за рекламирање на партиите.

    Неофицијално, станува збор за порталите lady.mk, srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk, makpress.mk, times.com.mk, кои што се во сопственост на три фирми од Скопје.

    Дознаваме дека шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска ќе ги проверува и наводите за слични  злоупотреби на други две парламентарни партии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира