ОБВРСКАТА ЗАДОЛЖИТЕЛЕНО СО АДВОКАТ ПРЕД НОТАР СЕ ОДЛАГА ЗА ЈАНУАРИ, 2017

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБВРСКАТА ЗАДОЛЖИТЕЛЕНО СО АДВОКАТ ПРЕД НОТАР СЕ ОДЛАГА ЗА ЈАНУАРИ, 2017

    Се повлекува обврската граѓаните пред нотар задолжително да ангажираат и да поведат со себе адвокат. На последната седница, Собранието изгласа одложување на Законот за нотаријат и поместување на неговата примена од први јануари идната година, по изборите во декември.

    Законот за нотаријат, кој ги скара првин адвокатите и нотарите, а потоа и власта и опозицијата, која за да го спречи носењето на Законот поднесе 1.000 амандмани, беше донесен неодамна, во отсуство на опозицијата во Парламентот. Законот требаше да стапи во сила на 20 август. По ненадејното  повлекување на Законот, опозицијата сега обвинува дека власта тоа го сторила кампањски, за предизборни цели, бидејќи голем беше револтот на граѓаните, нотарите и воопшто правната фела што се воведува уникатна пракса во светот да мора пред нотар задолжително да се оди со адвокат и за правните акти што ги заверуваме кај нотарите, да има задолжителен адвокатски печат, кој како и најмувањето адвокат, исто така не е бесплатен.

    И додека Нотарската комора предупредува дека вакво решение нема никаде во светот и оти тоа крие многу скриени трошоци за граѓаните, Адвокатската комора вели дека конечно граѓаните ќе добијат правна сигурност пред нотар.

    Според одложениот Закон за нотаријат, задолжително е присуство на адвокатите и задолжителен адвокатски печат кога се работи за купопродажни договори со вредност над 10.000 евра во денарска противвредност, за платни налози (освен за сметките со помала вредност за комунални услуги), натаму за предлози и жалби при постапките за платните налози, но и при оставинските постапки дури и кога сѐ е чисто и нема спор меѓу странките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари