ОД ПРВИ НОЕМВРИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПИТАЦИЈАТА ЗА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ

    ОД ПРВИ НОЕМВРИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПИТАЦИЈАТА ЗА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ„Со тоа ќе им се излезе во пресрет за да ги надминат финансиските проблеми, кои што во секојдневниот начин на работење им создаваат проблеми во пристапот кој што го обезбедуваат за пациентите и квалитетот на здравствената заштита која што пациентите ја добиваат со оглед на тоа што таа капитација не е променета како сума со години наназад“, рече министерот за здравство Венко Филипче (Фото: Министерство за здравство)

    Матичните лекари од 1 ноември ќе добијат поголема капитација, најави денес министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека во наредните месеци ќе направат калкулации за колку ќе изнесува зголемувањето.

    „Капитацијата за матичните лекари ќе се зголеми кон крајот на оваа година, поточно од први ноември 2019 со што ќе им се излезе во пресрет за да ги надминат финансиските проблеми, кои што во секојдневниот начин на работење им создаваат проблеми во пристапот кој што го обезбедуваат за пациентите и квалитетот на здравствената заштита која што пациентите ја добиваат со оглед на тоа што таа капитација не е променета како сума со години наназад“, рече Филипче, пред почетокот на 41. Пленарен состанок на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ.

    На состанокот, кој се одржа во Министерството за надворешни работи, тој кажа дека е задоволен од сработеното од овогодинешното македонско претседавање со здравствените мрежи на земјите од Југоисточна Европа и дека примарната здравствена заштита е суштински столб за одржливи и издржливи здравствени системи и од клучно значење за здравствената безбедност и подготвеноста за итни случаи.

    „На денешниот настан симболично го предаваме претседателството на здравствените мрежи на Југоисточна Европа на здравствени организации со која ние претседателствувавме изминатиот период.  Морам да кажам дека работевме на решенија на најгорливите пороблеми, пред се во сверата на примарното здравство и одливот на кадри. Во изминатиот период го оддржавме Националниот форум за здравство на кој присуствуваа претсавници од сите земји членки на мрежата или земјите од регионот. Во соработка со сите здруженија, коморите и со ФЗОМ ги направивме правците во кои треба да одиме за да се зајакне системот.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира