ОД 330.320 ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ, 96 ЗАБОЛЕЛЕ ОД КОВИД, А 13 ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

    ОД 330.320 ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ, 96 ЗАБОЛЕЛЕ ОД КОВИД, А 13 ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦАСамо 0,02% од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус (Фото: СДК.МК)

    Само 96 од 330.320 лица во Македонија кои примиле две дози од вакцината против ковид-19 се заразиле со коронавирус по примањето на втората доза, објави Министерството за здравство, откако д-р Лили Чолакова Дервишова, матичен доктор од Велес објави дека нејзина пациентка е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје иако била целосно вакцинирана со вакцината „синофарм“. Таа тврди и дека нејзиниот колега, од кого се заразила исто така бил вакциниран со „фајзер“.

    Од овие 96 заразени лица, 56 имале позитивен тест во период од 21 ден по примањето на втората доза на вакцината, велат од Министерството.

    „Тоа значи дека само 0,02% од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус, што покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат“, соопшти Министерството.

    Само 13 од овие случаи завршиле со хоспитализација, од кои двајца моментално се на лекување и се во стабилна состојба, иако еден од нив има тешко хронично заболување.

    Од Министерството велат дека нема починати меѓу лицата кои примиле две дози од вакцината.

    Г. КОНЕВ


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира