ОД ДЕНЕС ДО 10 ЈУЛИ ОТВОРЕН САЈТОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА СИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО ЗЕМЈАВА ПО ПРВАТА ДОЗА ВО СТРАНСТВО

    ОД ДЕНЕС ДО 10 ЈУЛИ ОТВОРЕН САЈТОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА СИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО ЗЕМЈАВА ПО ПРВАТА ДОЗА ВО СТРАНСТВОВакцинацијата во земјава се одвива со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“. (Фото: К. Попов)

    Од денес заклучно со 10 јули ќе биде во функција веб страницата vakcinacija.mk/revaccination која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале против ковид-19 во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.

    Министерството за здравство вели дека преку регистрацијата ќе може да добијат детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата.

    „На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат. Со вакцината на ‘АстраЗенека’ во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани, после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче.

    Македонските власти сѐ уште ги немаат добиено списоците од Србија кои граѓани се вакцинирани. Неофицијално, станува збор за околу 25 до 30.000 македонски државјани што примиле вакцина во Србија, што значително го зголемува процентот на вакцинирано население во Македонија. Податоците се неофицијални, изведени од податоци на граничната полиција за движење на граничниот премин Табановце, односно за регистрирани излези и влезови преку границата на исти луѓе во период од само неколку часа до два дена.

    Вакцинацијата во земјава се одвива со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“.

    Данската амбасада во Белград вчера соопшти дека Северна Македонија ќе добие 250 илјади вакцини против ковид-19 од производителот „АстраЗенека“ како донација од Владата на Данска. Хрватска завчера ни донираше 10 илјади вакции „АстраЗенека“, а најавена е донација од уште 20 илјади вакцини, но сѐ уште не се знае дали ќе бидат „АстраЗенека“ или „Модерна“.

    На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 12.294 граѓани, а завчера вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани.

    Преку веб платформата вакцинација.мк се пријавиле 481.809 граѓани.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира