ОД ДЕНЕС ПОЧНУВА ПОВРАТОТ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД „ВИКЕНД БЕЗ ДДВ“

    ОД ДЕНЕС ПОЧНУВА ПОВРАТОТ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД „ВИКЕНД БЕЗ ДДВ“Во периодот на „Викенд без ДДВ“ по овој основ беше реализиран промет од 560 милиони денари, а на граѓаните ќе им биде исплатен износ од вкупно 67 милиони денари. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Денеска почна исплатата на ДДВ на граѓаните за купени македонски производи во рамките на „Викенд без ДДВ“. На граѓаните кои купиле македонски производи и компјутерска опрема за време на продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври, ќе им биде вратен целиот износ од данокот.

    Во периодот на „Викенд без ДДВ“ по овој основ беше реализиран промет од 560 милиони денари, а на граѓаните ќе им биде исплатен износ од вкупно 67 милиони денари.

    Од Управата за јавни приходи велат откако ќе се исплатат средствата од „Викенд без ДДВ“, ќе се пристапи кон враќање на дел од данокот на додадена вредност којшто граѓаните го оствариле во третото тримесечје за месеците јули, август и септември 2020 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира