ОД ДЕНЕС СО КОВИД ПАЦИЕНТИ СЕ ПОЛНИ И ОЧНА КЛИНИКА, ПЛУС 20 КРЕВЕТИ ПУШТЕНИ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“

    ОД ДЕНЕС СО КОВИД ПАЦИЕНТИ СЕ ПОЛНИ И ОЧНА КЛИНИКА, ПЛУС 20 КРЕВЕТИ ПУШТЕНИ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“Во „8 Септември“ капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети; - Брза помош во Болницата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 8 часот почна да работи Ковид одделението на Клиниката за очни болести со  капацитет од 23 кревети, а Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ е проширен за 20 нови места. Со тоа, вели Министерството за здравство, Ковид одделенијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за ковид-10.

    Во „8 Септември“ капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.

    Ковид-центарот на Клиниката за очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал.

    „Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терпија. Се очекува во најскоро време да се пушти и Ковид-центарот на Клиниката за уво нос и грло каде би се згрижле дополнителен број болни“, вели Министерсвото.

    Вкупната ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 51.213, оздравени се 30.204, починаа 1.423, а активни случаи се 19.586.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира