ОД КОВИД-19 ПОЧИНА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ТЕТОВСКО, ПРЕТХОДНО ПОЧИНАЛА И МАЈКА Ѝ

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ТЕТОВСКО, ПРЕТХОДНО ПОЧИНАЛА  И МАЈКА ЍПред да биде донесена во болница, пациентката имала тегоби 10 дена. (Фото: СДК.МК)

    Петнаесетгодишно девојче од тетовското село Селце почина од компликации на ковид-19. Како што соопштуваат од Министерството за здравство девојчето починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а претходно од ковид-19 починала и нејзината мајка.

    „Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со ковид-19“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира