ОД ПЕТОК СЕ ОТВОРААТ И ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ, А КАФУЛИЊАТА ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ И ВНАТРЕ

    ОД ПЕТОК СЕ ОТВОРААТ И ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ, А КАФУЛИЊАТА ЌЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ И ВНАТРЕЗа работата на внатрешните делови на кафулињата и рестораните до петок Владата ќе донесе протоколи за работа. (Фото: СДК.МК)

    Од петок се отвараат фитнес центрите и теретаните, а кафулињата и рестораните ќе можат да служат гости и во внатрешноста на објектите. На денешната владина седница донесена е одлука со која од 26 јуни  угостителските објекти можат да работат и во внатрешноста на објектите.

    Со владината одлука се дозволува в петок со работа да почнат теретаните и вежбалните, а затворените трговски центри ќе можат да работат и во неделите.

    „За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки“, велат од Владата.

    Угостителските објекти беа отворени на 28 мај, но беше дозволено да работат само летните тераси според утврдени протоколи. Работното време според првата одлука беше до 22 часот, а со владината уредба донесена на 19 јуни се дозволи преку недела да работат до полноќ, а за викендите до 1 часот.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира