ОД СЕПТЕМВРИ ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ РАБОТИ ДВОСМЕНСКИ И ПРВАТА САБОТА ВО МЕСЕЦОТ

    ОД СЕПТЕМВРИ ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ РАБОТИ ДВОСМЕНСКИ И ПРВАТА САБОТА ВО МЕСЕЦОТЌе се работи и првата сабота во месецот со време на работа од 8:00 до 16:00 часот. - Поштар пред Уставен суд (Фото: СДК.МК)

    Владата донесе одлука за двосменско работење на администрацијата во Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи и други институции на денешната седница. Работното време во овие институции ќе се одвива од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота во месецот со време на работа од 8:00 до 16:00 часот. Одлуката ќе се применува од 1 септември.

    Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски вели дека одлуката е донесена по консултации со граѓаните и со претставниците на невладиниот сектор и синдикатите.
    „Ова е една од мерките коишто Владата ќе ги преземе во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација. Исто така, со оваа мерка сакаме да им излеземе во пресрет и на родителите коишто во различно работно време почнуваат со работа. Очекуваме оваа мерка да придонесе кон намалување на сообраќајните гужви особено во големите градови пред почетокот и по завршувањето на работното време“, рече министерот Дамјан Манчевски.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира