ОД СЕПТЕМВРИ ГОДИНАВА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ЌЕ ИМА ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ, ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ АКО ВО МОМЕНТОВ ИМА СЕРИОЗНА ПОТРЕБА, РЕЧЕ ЈАНЕВСКА

    ОД СЕПТЕМВРИ ГОДИНАВА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ ЌЕ ИМА ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ, ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ АКО ВО МОМЕНТОВ ИМА СЕРИОЗНА ПОТРЕБА, РЕЧЕ ЈАНЕВСКАЗаконот за средно образование вчера помина на Влада и ќе оди во собраниска процедура, рече Јаневска. (Фото: СДК.МК)

    Од септември годинава средношколците со попречености ќе имаат образовни асистенти во средните училишта, рече министерската за образование Весна Јаневска на денешната прес-конференција.

    „Законот за средно образование вчера помина на Влада и ќе оди во собраниска процедура. Се надевам дека овојпат ќе помине како што треба. Претходниот Закон не предвидуваше образовни асистенти во средните училишта. Овој закон го предвидува тоа. Она што е сигурно дека тие од септември оваа година ќе имаат образовни асистенти, а во моментов доколку има сериозна потреба и непополнето место за образовен асистен ќе се потрудиме да обезбедиме и за овие ученици“, рече Јаневска.

    Министерката Јаневска на 10 септември лани, рече дека очекува образованите асистенти за средно образование најрано да почнат со ангажман од јануари 2025, но родители на ученици со попреченост велат дека ни во второто полугодие од учебната 2024/2025 нема образовни асистенти.

    Меѓу новините во новите закони за основно, средно и средно стручно образование е што се дава можност асистентот да го следи ученикот за време на целото образование, освен ако не престане потребата, ако асистентот си замине или на инсистирање на родителите, ако сметаат дека може да постигне успех со друг асистент.

    Јаневска на 5 септември лани кажа дека за оваа учебна година се обезбедени 815 образовни асистенти, за останатите 200 асистенти се чекаше на ребалансот на буџетот, за да се обезбедат средства.

    Во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК, Анче Туфекчиева, претседателка на здружението „Вера“ од Струмица кое нуди помош и поддршка на лицата со Даунов синдром и нивните семејства и мајка на девојка со Даунов синдром, рече дека Закон за средно инклузивно образование уште нема, иако министерката за образование најави дека од второто полугодие ќе биде донесен законот и лицата со попреченост вклучени во среднотото образование ќе имаат образовен асистент.

    МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА ОД НАШАТА ЈУТЈУБ СТРАНИЦА

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира