ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 16 ДО 5 ЧАСОТ, ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВИКЕНД

    ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 16 ДО 5 ЧАСОТ, ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВИКЕНДЛицата над 67 години можат да излегуваат во работните денови само од 10 до 12 часот, а младите до 18 година само од 13 до 15 часот. (Фото: К.Попов)

    Од среда полицискиот час на цела територија на земјава ќе биде од 16 до 5 часот наутро. За време на викендите пак ќе биде целосно забрането движењето на граѓаните, објави Владата.

    „Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија“, велат од Владата.

    Дополнително за лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот.

    Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

    „Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници, како и матичните лекари и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено“, се вели во владиното соопштение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира