ОД ТОПЛОТО ВРЕМЕ ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА КОЛАПСИ, ДА СЕ ПИЕ ПОВЕЌЕ ВОДА И ДА СЕ СЛУША ЛЕКАР, ВЕЛАТ ОД ИТНА ПОМОШ

    ОД ТОПЛОТО ВРЕМЕ ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА КОЛАПСИ, ДА СЕ ПИЕ ПОВЕЌЕ ВОДА И ДА СЕ СЛУША ЛЕКАР, ВЕЛАТ ОД ИТНА ПОМОШOд Итната медицинска помош во Скопје изминатава недела поради нагло зголемување на температурите имале зголемен број повици и интервенции. (Фото: К. Попов)

    Пиење повеќе вода и течности, носење лесна облека и без движење надвор во периоди кога е најтопло, да се внимава на исхраната, а хронично болните редовно да ја примаат терапијата, советуваат лекарите од Итната медицинска помош во Скопје, откако изминатава недела поради нагло зголемување на температурите имале зголемен број повици и интервенции за околу 40 отсто.

    Од Итна помош велат дека засегнати се главно се повозрасни граѓани и со хронични болести.

    „Најчесто зголемен е бројот на колапси, се случува да имаме повици за луѓе што паѓаат на улица или на работните места. Се случува движејќи се на топло да влезат на работното место каде е многу изладено и таа разлика во температурата влијае. Имавме такви повици за вработени во трговските центри. Имавме и зголемен број на мозочни удари, повторно кај повозрасните“, вели д-р Силвана Михајловска-Масларовиќ, дежурен лекар во Службата за итна медицинска помош во Скопје.

    Таа вели дека постојано апелираат до граѓаните, особено повозрасните и со хронични болести да не излегуваат надвор во преиодите, кога е најтопло и да ги применуваат советите од лекарите.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари