ОД ВТОРНИК ЌЕ ЗБОРИМЕ ЗА СЈО, ДЕНЕС СЛАВИМЕ ПРАЗНИК НА НЕЗАВИСНОСТА, РЕКОА ФЕТАИ И РИСТОСКА НА ПРОСЛАВАТА НА 8 СЕПТЕМВРИ

    ОД ВТОРНИК ЌЕ ЗБОРИМЕ ЗА СЈО, ДЕНЕС СЛАВИМЕ ПРАЗНИК НА НЕЗАВИСНОСТА, РЕКОА ФЕТАИ И РИСТОСКА НА ПРОСЛАВАТА НА 8 СЕПТЕМВРИДобивме покана од Владата да присуствуваме на централната свеченост како претставници на СЈО, рекоа Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска на прославата во Градскиот парк во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Обвинителките на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска го претставуваат ова обвинителство на денешната централна свеченост за Денот на независноста – 8 Септември во Градскиот парк во Скопје.

    „Од вторник ќе збориме за СЈО, денеска славиме празник на независноста. Добивме покана од Владата да присуствуваме на централната свеченост како претставници на СЈО“, рекоа кусо обвинителките пред почетокот на прославата.

    Додека уште траат партиските преговори за судбината на Специјалното обвинителство една година пред регуларниот истек на мандатот, во петокот, републичките обвинители на чело со Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески одлучија пред згаснувањето на СЈО, редовното обвинителство да ги преземе сите предистраги, истраги и обвиненија што ги покренало и што ги застапува во моментов СЈО.

    Ова уследи откако Специјалната обвинителка Катица Јанева, на 4 септември од притвор во затворот Шутка, испрати писмо-полномошно со кое го овласти Државниот обвинител Јовески да ги преземе сите предмети од СЈО пред истекот на нејзиниот мандат на 15 септември, за да не пропаднат.

    Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, кусо истиот ден откако беше уапсен Бојан Јовановски-Боки 13 како првоосомничен во истрагата „Рекет“. Јанева е третоосомничена во оваа истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција и е во притвор од 21 август, осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања. Вториот осомничен, кој исто така е во притвор, е Зоран Милески- Кичеец.

    М. КОСТОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира