Одделот за организиран криминал во МВР во широка акција од рано утрово врши претрес на десетина локации во Неготино и во Кавадарци за заплена на поголема количина на фалсификувани долари, од кои дел се пуштени во промет во Македонија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Според очевидци, полицијата веќе апси лица од овие подрачја, кои се вмешани во пуштањето во промет на фалсификуваните девизи.
Неофицијално, во криминалот била вмешана и една банка. Во МВР ниту го потврдуваат, ниту негираат настанот. Обвинител за организиран криминал веќе го презел случајот.
С. К. ДЕЛЕВСКА