ОДГОВОРНИ СЕ ОНИЕ КОИ НЕ МУ ОДРЕДИЈА ПРИТВОР И ГО ПУШТИЈА СЛОБОДНО ДА СЕ ДВИЖИ НИЗ ДРЖАВАТА, КАЖА СПАСОВСКИ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ

    ОДГОВОРНИ СЕ ОНИЕ КОИ НЕ МУ ОДРЕДИЈА ПРИТВОР И ГО ПУШТИЈА СЛОБОДНО ДА СЕ ДВИЖИ НИЗ ДРЖАВАТА, КАЖА СПАСОВСКИ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИСиноќа МВР распиша национална потерница по Груевски. - Оливер Спасовски (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не чувствува одговорност за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски, кого полицијата од вчера не може да го лоцира за да го спроведе во затворот во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО. Според Спасовски, одговорноста е кај на оние кои не им одредуваат притвор на луѓе кои се опасност да избегаат во моменти и ги пуштаат да се движат слободно низ државата. Притвор одредува судот на барање на надлежното обвинителство.

    „Јас размислувам за одговорноста на оние кои не им одредуваат притвор на луѓе кои се опасност да избегаат во моменти, ги пуштаат да се движат слободно низ државата, да ги обавуваат сите можни работите што ги обавуваат и на крајот кога се завршува со носењето на пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедени, иако се со десетина и повеќе кривични пријави и кривични дела. Замислете сега, има одредување притвор за разбојништво или тешка кражба една на некого, а за вакви тешки кривични дела за други луѓе не се одредува мерката притвор“, изјави утринава Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на регионалната конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“ во Скопје.

    Полицијата вчера го почна да го бара осудениот Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор. Синоќа МВР распиша национална потерница по Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира