ОДГОВОРНОСТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Е НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, СОБРАНИЕТО ИМА МЕХАНИЗМИ ДА ЈА СПРОВЕДЕ ПОСТАПКАТА, ВЕЛИ ЏАФЕРИ

    ОДГОВОРНОСТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Е НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, СОБРАНИЕТО ИМА МЕХАНИЗМИ ДА ЈА СПРОВЕДЕ ПОСТАПКАТА, ВЕЛИ ЏАФЕРИЗа претседателот на Собранието Талат Џафери добра е иницијативата да се седне во собранието и сите политички партии, заеднички да го дефинираат она што е барање на референдумот. (Фото: СДК.МК)

    По добивањето на поканата за преговори со НАТО, најавена е средба на политичките партии за да се договорат за елементите на референдумот, дефинирање на прашањето и каков ќе биде референдумот.

    Премиерот Зоран Заев за грчките медиуми вчера рече дека во Самитот на НАТО ќе иницира средба на политичките партии за да се договорат за спроведување на референдумот.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат добиено никаква покана за средба во Собранието.

    „Добра е иницијативата да се седне во собранието и сите политички партии, заеднички да го дефинираат она што е барање на референдумот и со тоа да се има консензус по однос на обврските и можностите да се спроведе и да успее референдумот. Граѓаните на Македонија, да го остварат сонот да бидат дел од ЕУ и НАТО“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, денес во Собранието.

    Нема никакви промени околу формирањето на ДИК. И власта и опозицијата остануваат на своите барања. Претседателот на Собранието Џафери, вели дека Собранието ги има сите механизми да ја спроведе целата постапка, но, партиите не го почитуваат договореното.

    „Го променија Изборниот законик и Државната изборна комисија се гласа со двотретинско мнозинство. Собранието не е проблем, туку одговорноста е на политичките партии“, рече Џафери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира