ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ, ДЕЛ ОД ОДЛУКИТЕ ЗА АМНЕСТИЈА УШТЕ НЕ СЕ ПРАВОСИЛНИ

    ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ, ДЕЛ ОД ОДЛУКИТЕ ЗА АМНЕСТИЈА УШТЕ НЕ СЕ ПРАВОСИЛНИСудењето треба да продолжи на 21 јануари со завршните зборови. - Од судењето за организираниуот напад во Собранието на 27 април 2017 (Фото: СДК.МК)

    Денешното судење за организираниот напад во Собранието на 27 април 2017 беше одложено, бидејќи дел од обвинетите сè уште не добиле правосилни решенија за амнестијата и судијката Добрила Кацарска одлучи дека нема услови да продолжи судењето.

    Судењето треба да продолжи на 21 јануари со завршните зборови.

    Од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, амнестија добија пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски од „За заедничка Македонија“, Иван Цветановски, Елена Доцевска-Божиновска, браќата Михаил и Стефан Младеновски, Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски.

    Амнестија за 27 април не побараа Митко Чавков и Душко Лазаров од МВР, Игор Дурловски, еден од водачите на „За заедничка Македонија“, Јане Ченто и Игор Југ, а одбиени им беа барањата на Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Горан Ѓошевски – Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски – Ќосето, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

    За жалбите на Леви и Пепиќ треба да решава Апелациониот суд.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари