ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК 2“ ЗА ДА МОЖАТ ОБВИНЕТИТЕ ДА ГО РАЗГЛЕДААТ ПРОЧИСТЕНОТО ОБВИНЕНИЕ

    ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА „ТИТАНИК 2“ ЗА ДА МОЖАТ ОБВИНЕТИТЕ ДА ГО РАЗГЛЕДААТ ПРОЧИСТЕНОТО ОБВИНЕНИЕЕксдиректорот на УБК Сашо Мијалков е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание. - Мијалков на денешното судење (Фото: М. Златевска)

    Денешното судење за предметот на СЈО „Титаник 2“ за изборни нерегуларности во врска со локалните избори во 2013 година беше одложено за 10 мај за да можат обвинетите да се запознаат со прочистеното обвинение без делот за петмината судии од Управниот суд, за кои не беше прифатено при оценка на обвинителниот акт.

    „Обвинението e прецизирано, исчистено, претпоставувам дека ви треба време да го прочитате“, кажа специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

    На денешното судење во Основниот суд Скопје 1 беа присутни сите обвинети. За кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК: Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание.

    Во објавени прислушувани разговори, објавени од премиерот Зоран Заев, тогаш како лидер на опозиција, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира