ОДРЕДЕНИ КОМПАНИИ СЕ ОДНЕСУВААТ НЕМОРАЛНО И МАНИПУЛИРААТ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ, ВЕЛИ БИТИЌИ

    ОДРЕДЕНИ КОМПАНИИ СЕ ОДНЕСУВААТ НЕМОРАЛНО И МАНИПУЛИРААТ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ, ВЕЛИ БИТИЌИПред 3 дена истекоа антикризните мерки со кои беше укинат данокот на додадена вредност на основните прехранбени продукти, и намалените акциза и ДДВ на горивата. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека дел од поскапувањата изминативе три дена по укинувањето на антикризните мерки се нереални, бидејќи одредени компании манипулираат со цените. Битиќи побара од инспекциските служби да реагираат соодветно и очекува наскоро од нив да му биде доставен извештај со мерки за компаниите кои манипулираат со цените.

    „Со особено внимание следиме што се случува овие три дена на слободниот пазар и однесувањето некоректно, неетичко и неморално на одредени компании, особено кон зголемувањето на цените, набрзо ќе наиде на одговор од институциите. Не можеме да прифатиме цената да порасне за 24 часа за 20 отсто, кога производствената цена не може да порасне за 20 отсто за 24 часа. Сметам дека тоа е само една одредена манипулација која ја прават кон нашите граѓани и затоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби и наскоро очекувам извештај од инспекциските служби со мерки за тие што го имаат тоа направено“, кажа Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на саем за вработување и кариера во Гостивар.

    Тој рече и дека во ребалансот на буџетот се предвидени 73 милиони евра за антикризни мерки и веднаш по усвојувањето на ребалансот на буџетот во Собранието тие ќе бидат донесени. Но, како што кажа Битиќи, тие мерки нема да бидат сеопфатни, туку таргетирани за најзагрозените целни групи и компании.

    Пред 3 дена истекоа антикризните мерки со кои беше укинат данокот на додадена вредност на основните прехранбени продукти, и намалените акциза и ДДВ на горивата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира