ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ГИ ОДБИ СИТЕ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА ЗА ИЗГОРЕНИОТ АВТОБУС, САКАШЕ ДА ЗБОРУВА САМО ЗА БУЏЕТОТ НА МВР

    ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ГИ ОДБИ СИТЕ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА ЗА ИЗГОРЕНИОТ АВТОБУС, САКАШЕ ДА ЗБОРУВА САМО ЗА БУЏЕТОТ НА МВРСАКАМДАКАЖАМ.МК провери во Влада кога ќе биде таа прес-конференција за автобуската несреќа и добивме одговор дека ќе бидеме навремено информирани. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше прес-конференција за буџетот на неговото министерство за следната година и по излагањето, одбиваше да одговори на прашања поврзани со автобуската несреќа со 45 загинати од пред три дена.

    На сите прашања на новинарите за несреќата, тој не сакаше да зборува, повторувајќи дека ќе има посебна прес-конференција за случајот, на која ќе говорел и тој, а денеска ќе одговарал само за прашања во врска со, како што кажа неколку пати, граѓанскиот буџет на МВР.

    САКАМДАКАЖАМ.МК провери во Влада кога ќе биде таа прес-конференција за автобуската несреќа и добивме одговор дека ќе бидеме навремено информирани.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира