ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ЌЕ РАКОВОДИ СО ОПЕРАТИВНИОТ ТИМ НА ВЛАДАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА

    ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ЌЕ РАКОВОДИ СО ОПЕРАТИВНИОТ ТИМ НА ВЛАДАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈАМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на денешната владина седница. (Фото: Влада на РСМ)

    Владата на денешната седница формираше оперативен тим кој, како што велат од Владата, преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт.

    Со оперативниот тим ќе раководи министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а членови ќе бидат министерката за правда Рената Дескоска, заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми, директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов, досегашниот заменик директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Ариф Асани и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.

    „Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија покажува силна решеност да не запре борбата против криминалот и корупцијата како стратешка определба“, се вели во соопштението.

    Од Владата додаваат дека бескомпромисно ќе работат со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега.

    „Оперативниот тим е целосно подготвен да се стави на располагање на Јавното обвинителство и на судовите во остварување на нивните законски обврски“, велат од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира