ОПЕРАЦИИ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕМА ДА СЕ ОДЛОЖУВААТ, ТВРДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ОПЕРАЦИИ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕМА ДА СЕ ОДЛОЖУВААТ, ТВРДИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО„Заради големата фреквенција на пациенти обезбедени се услови за дополнителни места за интензивна нега, велат од Министерството за здравство - директорот на болницата Кристијан Костов и министерот Венко Филипче -(Фото: Е. Ангеловска)

    Во Градската општа болница „8 Септември“ обезбедени се дополнителни места на интензивна нега и дополнителни два респиратори за да може да ги прими зголемениот број пациенти, информира Министерството за здравство.

    Во тек е реконструкција на Клиниката за дигестивна хирургија, која ќе трае наредните неколку недели и дел од пациентите се преупатуваат во „8 Септември“ и во хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.
    Од Министерството за здравство велат дека сите пациенти ќе бидат згрижени.

    „Во моментов ‘8 Септември’ располага со шест респиратори во шок соба и два резервни респиратора, кои се користат. Заради големата фреквенција на пациенти обезбедени се услови за дополнителни места за интензивна нега со дополнителни два респиратора, кои ќе се користат во следниот период до завршување на реновирањето на клиниката за дигестивна хирургија“, велат од Министерство за здравство.

    Минатата недела во „8 септември“ поради зголемен број пациенти и оптовареност на одделот за интензивна нега, дел од операциите кои не се итни и кои може да чекаат се одложуваа. Директорот на „8 Септември“ д-р Христијан Костов рече дека ова одложување не е со месеци, туку за неколку недели, бидејќи и покрај тоа што операциите не се итни не може пациентите да чекаат во недоглед. Тој рече дека бројот на пациенти им е зголемен за 20 отсто, откако почнало реновирање на Абдоменална хирургија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира