ОРЦЕ КАМЧЕВ НЕ СЕ СЕЌАВА ДЕКА ЗБОРЕЛ СО ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА КОГА СЕ АПСЕЛ ЉУБЕ, ЗА БОМБИТЕ РЕЧЕ ДЕКА СЕ СЕЧЕНИ, ЛЕПЕНИ И МОНТИРАНИ

    ОРЦЕ КАМЧЕВ НЕ СЕ СЕЌАВА ДЕКА ЗБОРЕЛ СО ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА КОГА СЕ АПСЕЛ ЉУБЕ, ЗА БОМБИТЕ РЕЧЕ ДЕКА СЕ СЕЧЕНИ, ЛЕПЕНИ И МОНТИРАНИСведокот Орце Камчев насмеан, како што влезе, така и си излезе од Кривичниот суд. - Камчев со новинарката Оливера Трајковска, која исто така денеска сведочеше на „Тортура“. (Фото: К. Попов)

    „За настанот на 6 јуни 2011 година за Љубе Бошкоски познато ми е тоа што сите го видоа на ТВ, дека примил мито, преговарал за името и оти треба да биде уапсен“, го почна своето кусо сведочење Јордан Камчев на судењето за „Тортура“ на СЈО, каде што првообвинет е ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

    Разговарав дента по телефон, не е забрането да се збори за криминал, му одговори Камчев на обвинителот Љубомир Лапе, на прашање дали зборувал дента по телефон за овој случај.

    Прашан, пак, дали се сеќава дека разговарал со Оливера Трајковска, која пред него сведочеше дека разговарале и оти и апсењето му го најавил Сашо Мијалков, тој одговори:

    „Не се сеќавам дека сум зборел со Оливера Трајковска тој ден“.

    По потсетувањето дека разговорите му биле пуштени во СЈО, тој кажа:

    „Да, ми предочивте во СЈО прислушувани разговори тогаш, но јас не ги признавам. Можеби се сечени, лепени и монтирани“.

    Никој немаше дополнителни прашања, Камчев насмеан, како што влезе, така и си излезе.

    Во „Тортура“, за нехумано постапување и изживување при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година, утредента по победата на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ, првообвинет е тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, потоа командирот на „алфите“ во МВР Ивица Анчевски – Пуки и уште 5-мина од единицата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира