ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАНТОВИ ДО 500 ЕВРА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ХАРМОНИЧНИ И МУЛТИЕТНИЧКИ ВРЕДНОСТИ

    ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАНТОВИ ДО 500 ЕВРА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ХАРМОНИЧНИ И МУЛТИЕТНИЧКИ ВРЕДНОСТИГрантови ќе бидат доделени на вкупно 95 училишта, од кои 70 основни и 25 средни училишта. (Фото: К. Попов)

    Основните и средни училишта ќе добијат по 30 илјади денари за проекти за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

    Како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавен е Јавен повик за доделување на грантови до 30.000 денари. Ќе бидат доделени на вкупно 95 училишта, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

    Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

    „ Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент“, стои во соопштението од Министерството.

    Аплицирањето трае до 9 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира