ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ СТИГНА ВО СОБРАНИЕ, СЕ ПРЕВЕДУВА ОД УНГАРСКИ

    ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ СТИГНА ВО СОБРАНИЕ, СЕ ПРЕВЕДУВА ОД УНГАРСКИЗа Груевски има мерки притвор од предметите на СЈО против него, но и интерна потерница за апсење како осомничен организатор и нарачател на нападот на Собранието на 27 април 2017. - Никола Груевски последен пат беше во Собранието во ноември минатата година (Фото: СДК.МК)

    Избеганиот осуден пратеник Никола Груевски ја доставил оставката до Собранието и откако ќе биде преведена од унгарски ќе им биде дадена на пратениците. Поранешниот премиер, кој живее како азилант во Будимпешта, ја испратил оставката со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски, потврди претседателот на Собранието Талат Џафери за државната агенција МИА.

    „Примена е на 5 јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците“, вели Џафери.

    На 1 јуни, Груевски на Фејсбук најави дека самиот ќе си поднесе оставка и напиша дека следните денови за таа одлука и формално-правно ќе го извести Собранието.

    Според Деловникот, известувањето за оставката се става на дневен ред на првата наредна седница, која во случајов е закажана за вторник во 11 часот.

    Пред да најави оставка Груевски, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе одлука да му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот мандат на експремиерот поради неоправдано отсуство од шест месеци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира