ОСУДЕН НА СЕДУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ОТИ ЈА ПРОДАЛ ЌЕРКА СИ ВО СЛОВЕНИЈА ЗА 6.000 ЕВРА

    ОСУДЕН НА СЕДУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ОТИ ЈА ПРОДАЛ ЌЕРКА СИ ВО СЛОВЕНИЈА ЗА 6.000 ЕВРАЗа случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. - Јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд Скопје го осуди неправосилно обвинетиот Т.Д. На седум години затвор за кривичното дело Трговија со дете, соопшти Јавното обвинителство. Обвинетиот во 2013 година ја присилил на брак својата тогаш 17-годишна ќерка и ја продал за 6000 евра на семејство во Словенија. Малолетничката таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни.

    „За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надлежен јавен обвинител веднаш започна истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што прв пат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира